Врз основа на член 18 од Законот за здруженија и фондации („Службен весник на РСМ“ бр.52/10, 135/11 и 55/16), Основачкото собрание на Научно - стручно здружение за поддршка на граѓаните и институциите за менаџирање со ризици и опасности „ПИЛАР“ на седницата одржана на 21.02.2022 година, донесе СТАТУТ на Научно - стручно здружение за поддршка на граѓаните и институциите за менаџирање со ризици и опасности „ПИЛАР“ I. ОПШТИ ОДРЕДБИ Член 1 Со овој статут се уредуваат: името и седиштето; целите на научно-стручното здружение „ПИЛАР“; дејностите со кои се остваруваат целите; начинот на одлучување за зачленување, исклучување и престанок на членувањето во Научно - стручно здружение за поддршка на граѓаните и институциите за менаџирање со ризици и опасности „ПИЛАР“; правата, обврските и одговорностите на членовите; видот на органите и нивниот состав, начинот на избор и разрешување; траење на мандатот на членовите во органите и начинот на одлучување; застапувањето по закон; начинот на стекнување и располагање со средствата; начинот на донесување на финансиски и други извештаи; начинот на остварување на јавност и отчетност во работата; начинот на донесување, изменување и дополнување на статутот; начинот на одлучување за статусни промени и престанок на Научно - стручно здружение за поддршка на граѓаните и институциите за менаџирање со ризици и опасности „ПИЛАР“; начинот на донесување на планови и програми; постапувањето со средствата и/или имотот во случај на престанок на Научно - стручно здружение за поддршка на граѓаните и институциите за менаџирање со ризици и опасности „ПИЛАР“ и други прашања утврдени со закон. Член 2 Научно - стручно здружение за поддршка на граѓаните и институциите за менаџирање со ризици и опасности „ПИЛАР“ (во натамошниот текст Здружение „ПИЛАР“) е граѓанска организација која поведува иницијативи и учествува во градење на јавно мислење и креирање на политиките, се залага за решавање на општествените предизвици, промовира, информира и реализира активности во областа на справување со ризици и опасности од секаков вид. Член 3 Основачи на Здружение „ПИЛАР“ се: 1. Никола Клетников; 2. Фредерика Тасевска; 3. Блаже Митев; 4. Кристина Клетникова; 5. Маја Аначкова; 6. Матеј Митев; 7. Валентина Митева; 8. Ирина Иванова и 9. Слободан Клетников Член 4 Основачите на здружението „ПИЛАР“ своите права и одговорности ги имаат исцрпено со чинот на основање на здружение „ПИЛАР“. Со статутот, со општите и посебните акти, не можат да се утврдат посебни права и одговорности на основачите на н здружението „ПИЛАР“. Член 5 1 Здружението „ПИЛАР“ е основано на неопределено време. II. ИМЕ И СЕДИШТЕ Член 6 Името на здружението е: Научно - стручно здружение за поддршка на граѓаните и институциите за менаџирање со ризици и опасности „ПИЛАР“. Скратеното име на здружението е: Здружение „ПИЛАР“. Името на здружението на англиски јазик е: Scientific-professional association for support of citizens and institutions for management of risks and hazards "PILLAR" Член 7 Седиштето на Научно - стручно здружение за поддршка на граѓаните и институциите за менаџирање со ризици и опасности „ПИЛАР“ е во Скопје, на ул. Борис Сарафов бр.43/1-12. Одлуката за седиштето ја донесува Собранието. Член 8 Здружението „ПИЛАР“ има свој печат и штембил. Печатот на здружението „ПИЛАР“ е со кружна форма и во него е впишан текст на македонски јазик со кирилско писмо: Здружение „ПИЛАР“. Штембилот на здружението „ПИЛАР“ е со правоаголна форма и во него е впишан текст: Здружение „ПИЛАР“, место за деловоден број, датум и прилог. Употребата на печатот и штембилот на здружението „ПИЛАР“ ги пропишува Собранието. III. ЦЕЛИ Член 9 Основна цел на здружението „ПИЛАР“ е придонесување во градењето на капацитетите на граѓанското општеството за подобрување на подготвеноста на граѓаните, вклучувајќи ги и граѓаните од ранливите категории за справување со ризици и опасности од секаков вид. Член 10 Долгорочни цели на здружението „ПИЛАР“ се: - промоција и активно вклучување на граѓаните, вклучувајќи ги и граѓаните од ранливите категории во главните општествени текови; - разгледување на прашањата од областа на заштита и безбедност на граѓаните, вклучувајќи ги и граѓаните од ранливите категории од ризици и опасности од секаков вид; - предлагање мерки и активности на надлежните органи, институции и стручни служби, со цел унапредување на регулативата во областа на градењето на капацитетите на граѓанското општеството за подобрување на подготвеноста на граѓаните, вклучувајќи ги и граѓаните од ранливите категории за справување со ризици и опасности, како и учествува во следење на нејзината имплементација; - развој на капацитетите на граѓанското општество за подобрување на подготвеноста за справување со ризици и опасности - подобрување на подготвеноста на граѓаните, вклучувајќи ги и граѓаните од ранливите категории за справување со ризици и опасности од секаков вид; 2 - поврзување и зачленување во други домашни и меѓународни организации кои работат на иста или слична проблематика; - обезбедување материјални, финансиски и правни услови за работа на здружението „ПИЛАР“ и неговите членови. Член 11 Целна група на научно-стручното здружение „ПИЛАР“ се граѓаните, вклучувајќи ги и граѓаните од ранливите категории, без разлика на нивната национална, религиска или друга припадност или определба. Здружението „ПИЛАР“ посебно ќе се насочи кон чинителите и донесувачите на одлуки за сите прашања поврзани со придонесување во градењето на капацитетите на граѓанското општеството за подобрување на подготвеноста на граѓаните, вклучувајќи ги и граѓаните од ранливите категории за справување со ризици и опасности од секаков вид. Член 12 Начелата врз кои се темели работата на здружението „ПИЛАР“ се: независност, јавност и транспарентност, непрофитност, непартиско дејствување, иницијативи во јавниот живот, партиципација (учество), партнерство, толеранција, претприемништво, одржливост и еднакви можности. Член 13 Здружението „ПИЛАР“ дејствува на целата територија на Република Северна Македонија. Здружението „ПИЛАР“ дејствува и на меѓународно ниво, во согласност со својата генерална политика и стратегија. IV. ЧЛЕНСТВО Член 14 Член на здружението „ПИЛАР“ може да биде секој граѓанин, независно од неговата возраст, национална, религиска или друга припадност или определба кој доброволно ќе пристапи и кој ќе ги прифати целите на здружението „ПИЛАР“ утврдени со овој статут. Малолетно лице со наполнети 14 години се зачленува во здружението „ПИЛАР“ со давање потпишана изјава за согласност на неговиот законски застапник. Зачленувањето се врши со пополнување и потпишување на пристапница. На секој член му се издава членска легитимација. Формата и содржината на пристапницата и членската легитимација ги пропишува Собранието. Член 15 Здружението „ПИЛАР“ води регистар на членови. Податоците во регистарот се ажурираат најмалку еднаш на две години и се заштитени во согласност со прописите за заштита на личните податоци и класифицирани информации. Здружението „ПИЛАР“ ја гарантира анонимноста на личните податоци во регистарот на членовите кои тоа го побарале. Член 16 Секој член на здружението „ПИЛАР“ има права и одговорности согласно одредбите на овој статут и другите акти на здружението „ПИЛАР“. Секој член има право да избира и да биде избран во органите и телата на здружението „ПИЛАР“, како и да биде вклучен во сите активности на здружението „ПИЛАР“. Секој член на здружението „ПИЛАР“ плаќа месечна (годишна) членарина. Одлуката за висината и начинот на плаќање на членарината ја носи Собранието. 3 Член 17 Членството во здружението „ПИЛАР“ престанува со доброволно истапување и со исклучување. Секој член може доброволно да истапи со потпишување на писмена изјава и враќање на членската легитимација. Членството престанува со исклучување во случај кога членот: не го почитува статутот и другите акти на здружението „ПИЛАР“; дејствува спротивно на целите на здружението „ПИЛАР“; не ја плаќа редовно членарината. Одлука за исклучување на членот од здружението „ПИЛАР“ донесува Собранието. При престанок на членство во здружението „ПИЛАР“, се враќа пристапницата со назнака дека членот истапил, односно е исклучен од здружението „ПИЛАР“. V. ОРГАНИ НА ЗДРУЖЕНИЕТО „ПИЛАР“ “ Член 18 Органи на здружението „ПИЛАР“ се: собрание и претседател. Органите на здружението „ПИЛАР“ се избираат на начин утврден со овој статут. Кандидатите за членови на органите на здружението „ПИЛАР“ треба да бидат лица со интегритет, компетентност и афирмативност. Членовите на органите на здружението „ПИЛАР“ дејствуваат во личен капацитет и одлучуваат според личното уверување. 1. Собрание Член 19 Собранието на здружението „ПИЛАР“ е највисок орган на научно-стручното здружение „ПИЛАР“ и го сочинуваат сите членови на здружението „ПИЛАР“. Собранието: — донесува статут, програма и други акти на здружението „ПИЛАР“; — усвојува годишен извештај за работа и финансиски извештај и го објавува на веб страницата на здружението „ПИЛАР“; — доставува финансиски извештај до надлежниот орган на државната управа, односно до органот на општините, општините во градот Скопје и градот Скопје во случаите кога користи средства од Буџетот на Република Северна Македонија, односно буџетите на единиците на локалната самоуправа; — одлучува за промена на целите на здружението „ПИЛАР“; — одлучува за внатрешната организација и организационите форми на органите на здружението „ПИЛАР“; — избира и разрешува застапник (претседател), со мнозинство гласови од вкупниот број членови; — избира независен ревизор (друштво за ревизија); — одлучува за статусните измени на здружението „ПИЛАР“; — одлучува за зачленување и истапување од сојузи и меѓународни организации; — одлучува за престанок на здружението „ПИЛАР“ со двотретинско мнозинство гласови од сите членови на здружението „ПИЛАР“; и — врши и други работи во согласност со статутот и актите на здружението „ПИЛАР“. 4 Член 20 Изборното Собрание се свикува на секои 4 години и конституирањето на органите и телата мора да се изврши 30 дена пред истекот на мандатот на членовите на органите и телата. Поканата со материјалите за дневен ред во писмена форма се доставуваат најмалку 7 дена пред одржување на седницата. Член 21 На изборното собрание се избира: Работно претседателство од три члена; Записничар; Двајца оверувачи на записникот; Органи на управување на здружението „ПИЛАР“. Член 22 Собранието работи на седници. Собранието одржува седница најмалку еднаш годишно и по потреба. Седниците на Собранието ги свикува претседателот, по сопствена иницијатива или по барање на 1/3 од членовите на Собранието. Ако претседателот во рок од 14 дена од денот на дадениот предлог не свика седница, седницата ја свикуваат иницијаторите. Собранието донесува деловник за работа со мнозинство гласови од вкупниот број членови. Член 23 Со седницата на Собранието претседава претседателот. Член 24 Собранието може да одлучува ако на седницата присуствува мнозинство од вкупниот број членови. Собранието одлучува со мнозинство гласови од присутните членови, а најмалку со една третина од вкупниот број членови, ако со овој статут не е предвидено посебно мнозинство. Собранието за сите прашања одлучува со јавно гласање. Член 25 За работата на Собранието се води записник којшто содржи податоци утврдени со деловникот. Записникот го води записничар и се заверува од претседателот на Собранието. 2. Претседател Член 26 Претседателот е лице чии права, овластувања и одговорности се поврзани со раководењето на здружението „ПИЛАР“ и застапувањето на здружението „ПИЛАР“ во согласност со закон и со овој статут. Мандатот на претседателот е четири години, со право на повторен избор. Член 27 Претседателот: — го застапува здружението „ПИЛАР“ во правниот промет со трети лица и одговорен е за комуникацијата и соработката со други страни; — ги следи и ги анализира состојбите, проблемите и јавните политики во дејноста на здружението „ПИЛАР“, дава прогнози и предвидувања, покренува иницијативи и дава предлози за унапредување на работата; 5 — се грижи (идентификува, развива и спроведува) за стратешкото планирање и изготвува перспективни, годишни и периодични програми и деловни планови (со финансиски планови) и е одговорен за нивното извршување; — поднесува периодични извештаи и годишни извештаи до Собранието; — ја води организацијата и развива организациска култура; — воспоставува соодветни процедури за работа на здружението „ПИЛАР“; — формира пописни и други комисии и работни групи; — се грижи за правилно и економично работење со средствата на здружението „ПИЛАР“ и управува со паричниот тек; — одлучува за засновање работен однос, ги води и мотивира соработниците; — воспоставува показатели и ги оценува работните достигнувања и — врши други работи утврдени со закон и статутот. Претседателот е одговорен за: — законитоста, правилноста и навременоста на работата на здружението „ПИЛАР“ и за обезбедување услови за работа во согласност со законите, статутот и општите акти на здружението „ПИЛАР“; — подготвување и навремено, објективно и точно презентирање на финансиските извештаи; — управување и следење на ризиците на кои е изложено здружението „ПИЛАР“. Претседателот, во рамките на своите права и овластувања, може да му даде на друго лице писмено полномошно за преземање на одредени правни дејствија, како и за застапување пред правосудните и другите органи. Содржината, видот, обемот и времетраењето на полномошното ја определува застапникот. VI. ФИНАНСИСКО И ДЕЛОВНО РАБОТЕЊЕ Член 28 Здружението „ПИЛАР“ средствата за финансирање ги стекнува од членарина, основачки влогови, доброволни прилози, донации, подароци (во пари, добра, имотни права), завештанија, легати, дејности со кои се стекнува добивка, кирии и закупнини, како и приходи од инвестиции, дивиденди, камати, заеми и други приходи во согласност со закон и со статутот. Здружението „ПИЛАР“ може да добива средства и од Буџетот на Република Северна Македонија, буџетите на општините, општините во градот Скопје и градот Скопје. Член 29 Финансиските средства на здружението „ПИЛАР“ се употребуваат за остварување на целите на здружението „ПИЛАР“ определени со овој статут и програмата на здружението „ПИЛАР“ и согласно со правилата и ограничувањата на изворите на финансирање. Вишокот на остварените приходи над расходите (добивката) мора да биде употребен за остварување на целите на здружението „ПИЛАР“ утврдени со овој статут и не може да се распределува меѓу основачите, членовите, членовите на органите, претседателот, вработените или кое било друго со нив поврзано лице. Член 30 Финансиската година се совпаѓа со календарската година. Висината и начинот на распределба на средствата на научно-стручното здружение „ПИЛАР“ се утврдуваат секоја година со финансискиот план, а врз основа на годишен деловен план. Годишниот деловен план, вклучувајќи го финансискиот план, го донесува Собранието. Годишниот деловниот план се донесува на крајот од тековната календарска година, за наредната година. 6 Ако годишниот деловен план не се донесе во рокот предвиден со ставот 4 од овој член, финансирањето ќе се врши во висина на средствата од претходната година, зголемени со порастот на цените на мало во тековната година. Член 31 Здружението „ПИЛАР“ води сметководство, води и чува книги, поднесува годишна сметка и врши попис на начин уреден со закон. Собранието со општ акт го уредува финансиското работење. Собранието го одобрува извештајот за попис. Член 32 Здружението „ПИЛАР“ има годишен извештај, годишна сметка и финансиски извештаи во согласност со закон, овој статут и општите акти. Годишниот извештај е составен од извештај за постигнувањата и финансиски извештај. Содржината на годишниот извештај и финансискиот извештај е во согласност со закон и со стандардите за финансиско известување. Одговорен за годишниот извештај, за годишната сметка и за финансиските извештаи, односно за нивната подготовка и потпишување е застапникот. Собранието може да одлучи доколку годишниот буџет на здружението „ПИЛАР“ е над 20.000 евра во денарска противвредност според средниот курс на Народната банка на Република Северна Македонија да се изврши независна годишна ревизија на финансиското работење, а ако буџетот е над 100.000 евра во денарска противвредност според средниот курс на Народната банка на Република Северна Македонија, да се изврши ревизија во согласност со меѓународните сметководствени стандарди. Годишниот извештај и финансискиот извештај за претходната година, го донесува Собранието до 30 март во тековната календарска година, односно во рокот пропишан со закон. Годишниот извештај и финансискиот извештај за претходната година се објавуваат на веб страницата на здружението „ПИЛАР“ најдоцна до 30 април во тековната календарска година. VII. ЗАШТИТА НА ИНТЕРЕСИТЕ Член 33 Претседателот и членовите на органите на здружението „ПИЛАР“ се должни да управуваат и работат со внимание и во согласност со начелата на добро управување, во интерес на здружението „ПИЛАР“, а над личните интереси, односно во интерес на остварување на целите, во согласност со закон и со овој статут. Член 34 здружението „ПИЛАР“ одговара за своите обврски со целиот свој имот и средства. Претседателот и членовите на Собранието одговараат лично и неограничено за нивните обврски кон здружението „ПИЛАР“, за злоупотреба на средствата на здружението „ПИЛАР“, за постигнување цели што за нив како поединци се забранети или за злоупотреба на здружението „ПИЛАР“ како правно лице за да им нанесат штета на своите доверители. Член 35 Претседателот и членовите на Собранието се одговорни солидарно за штетата на здружението „ПИЛАР“ предизвикана од нивната работа, ако таа е предизвикана со грубо невнимание или со намера да се предизвика штета, освен во случаите кога во одлучувањето го издвоиле своето мислење на записник или ако не учествувале во одлучувањето. Барање за надоместок на штета поднесува Собранието. 7 VIII. ПРЕСТАНОК НА ЗДРУЖЕНИЕТО „ПИЛАР“ Член 36 Здружението „ПИЛАР“ престанува да постои ако: Собранието со двотретинско мнозинство од вкупниот број членови донесе одлука за престанок на постоење на здружението „ПИЛАР“; - бројот на членовите на здружението „ПИЛАР“ се намали под бројот определен за основање; - поминато е двојно повеќе време од времето предвидено за одржување на седница на Собранието, а таа не е одржана; - во две последователни години не е поднесена завршна сметка во согласност со закон; - статусна измена која предвидува престанок на постоењето; - донесена е одлука на надлежен суд; - стечај или - спроведена ликвидација. Член 37 Во случај на престанок на здружението „ПИЛАР“, со имотот и средствата што остануваат по намирување на обврските располага општина Ѓорче Петров. IX. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ Член 38 Толкување на одредбите на овој статут дава Собранието. Член 39 Измени и дополнување на овој статут се вршат на ист начин и постапка како и за неговото донесување. Член 40 Овој статут влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави на огласната табла во просториите на здружението „ПИЛАР“. Место и датум Скопје 21.02.2022 Претседател Никола Клетников